По Хрватска и Црна Гора, повик за бојкот на продавниците поради високите цени има и во Македонија.
Граѓаните низ социјалните мрежи се договараат во петок да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
31 ЈАНУАРИ ПЕТОК БОЈКОТ НА МАРКЕТИ https://t.co/ARBOUscJIp
— AristoCat (@AristoCat221) January 27, 2025
На социјалните мрежи се споделува и фотографија која повикува на бојкот на маркети на 31.01.2025 (петок) под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.