fbpx

Богов: Нема место за паника, банките се стабилни

-

Банкарскиот сектор во Македонија е отпорен на шокот предизвикан од ситуацијата во Грција, банките работат најнормално и нема причини за загриженост.

Ова денеска го истакна гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, на прес-конференција посветена на состојбите со грчката економија и на можните рефлексии врз македонските банки и врз компаниите.

Поради ситуацијата во Грција, Народната банка вчера воведе посебни заштитни мерки со кои дополнително се спречува одлив на капитал од Македонија кон оваа држава.

– Според Законот за банки, има ограничување, според кое, домашните банки не може да се изложуваат кон матичните групации со повеќе од 10 проценти од нивниот капитал. Пред две години донесовме и една мерка со која за секоја изложеност кон земји кои имаат кредитен рејтинг понизок од Б-, ќе мора да издвојат 50 проценти резервација. Со вчерашната одлука на Народната банка, целосно ги затворивме вратите за можен одлив на капитал од Македонија кон Грција. Македонските банки и компании нема да можат да даваат позајмици и да вложуваат од Македонија кон Грција – изјави гувернерот Богов.

Грчките граѓани ќе можат да подигнуваат пари од банкоматите во Македонија, во согласност со утврдениот лимит на картичките, а истото се однесува и на македонските граѓани во Грција.

– Тие можат да подигнуваат пари од банкоматите во Грција во согласност со лимитите што ги има поставено нивната матична банка, односно издавачот на картичката. Лимитот во Грција не се однесува на македонските граѓани -појасни Богов.

Доколку дојде до целосен крах на банкарскиот систем во Грција и се случи најцрното сценарио, Богов уверува дека тоа ќе биде лошо за грчката економија, но не и за нас, бидејќи домашните банки работат според наша законска регулатива.

Но, и покрај тоа што македонскиот банкарски сектор не може да се зарази од грчката криза, економијата по трговски пат може.

– Кризата може да удри по компаниите со тоа што ќе се намалат побарувањата за нашите производи, бидејќи куповната моќ на Грците ќе биде намалена. Но, секоја година со Грција, се намалува извозот, се зголемува увозот. Во 2007 година Грција била наш втор извозен пазар, а сега не е ниту меѓу првите пет. Во 2007 година извозот кон Грција изнесувал 12 проценти од вкупниот извоз, а сега таа бројка е 5 проценти – објасни Богов.

Гувернерот истакна дека активата на двете грчки банки во Македонија е 22 проценти од вкупната банкарска актива, нивната ликвидност е одлична со капитал поголем од 16 проценти, што е двојно повисоко од потребното ниво.

Грчките инвестиции досега изнесуваат 433 милиони евра, но од почнувањето на кризата во 2008 година тие се сведени на минимум. Минатата година нето-приливот бил 3,5 милиони евра, а од почетокот на годината тој изнесува 300.000 евра.

За разврската на грчката криза лично смета дека кредиторите оставиле отворени врати, но од политичарите зависи дали ќе го прифатат понуденото и ќе ја извлечат земјата од криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...