Слободан Богоевски, поранешниот разузнавач, денеска сведочеше за случајот „Маѓар телеком“, предмет кој беше отворен по претходното негово сведочење дадено во судот во Њујорк.
Богоевски во Обвинителството беше повеќе од четири часа, но детали за сведочењето не се откриваат.
Телевизијата „Телма“ јави дека Богоевски, пред да се врати во затвор, им потврдил дека ако е потребно, ќе го повтори сведочењето дадено за американските истражни органи.