Богат програмски викенд на фестивалот „Охридско лето“

-

Вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Антички театар, од 21 часот, гостуваат виртуозот на виолина, Стефан Миленковиќ, и неговиот колега, хармоникашот Марко Хатлак, кои ќе го изведат проектот „Танго компас“.

– Проектот „Танго компас“ ќе понуди многу енергија, страст, врвна интерпретација, за големо уживање на фестивалската публика. Најголем ексклузивитет на целиот овој проект е тоа што маестро Стефан Миленковиќ ќе можеме да го видиме и како врвен танчер – вели селекторката на музичката програма, Гордана Јосифова-Неделковска.

Богатиот програмски, илинденски викенд на фестивалот, утревечер продолжува со театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, Русија, кој ќе ја изведе претставата „Опасни врски“ од Пјер Шодерло де Лакло, во режија на Дејан Пројковски. Претставата доаѓа како добитник на наградата за најдобра претстава и за најдобра режија на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ, во Црна Гора.

В понеделник, на 3 август, концерт ќе одржи „Амира трио“, кое го сочинуваат Мира Медуњанин – вокал од Босна и Херцеговина, Анте Гело – гитара и Звонимир Шестак – контрабас, двајцата од Хрватска.

Синоќа, во предворјето на „Света Софија“, бројната публика уживаше во извонредната театарска игра на актерите од Албанскиот и од Турскиот национален театар од Скопје, со премиерата на претставата „Слуга на двајца господари“.

– Отсекогаш ми се допаѓаше спојот на јазиците во вашата земја, помеѓу Македонците и Турците, Турците и Албанците, Македонците и Албанците, кои меѓу себе одлично се разбираат. Тријазичната димензија на претставата ме исфрли чекор напред зашто овде познавам актери кои ги знаат сите овие јазици – вели режисерот на претставата, Јуџел Ертен.

Со претставата „Слуга на двајца господари“, Албанскиот и Турскиот народен театар одбележаа 65 години од нивното основање.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...