fbpx

Боде Милер го оперира грбот

-

Олимпискиот шампион во суперкомбинација од Ванкувер 2010, Американецот Боде Милер, го оперираше грбот, поради што ќе ги пропушти следните шест недели од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање, јавија светските агенции.

Триесет и седумгодишниот Милер се очекува да се врати на скијачките терени дури на 16 јануари, на патеката за спуст во швајцарскиот зимски центар Венген, а една недела подоцна во Австрија ќе се натпреварува во класична дициплина на брзина.

Двократниот светски шампион се надева дека ќе се врати во врвна форма за Светското првенство во Вејл и во Бивер Крик, кое од 2 до 15 февруари се одржува во САД.

Милер во досегашната кариера има освоено четири светски титули во кариерата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...