fbpx

Блокот 1 во РЕК „Битола“ е во функција, наредната недела плански ќе се исклучи вториот блок

-

Блок 1 во РЕК „Битола“ од вчера попладне е повторно ставен во функција и произведува електрична енергија. Од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува струја.

„Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец заради актуелната енергетска криза во која се наоѓа државата. Наместо тоа, се интервенира на позиции утврдени од стручни лица во комбинатот кога ќе се укаже можност за тоа или кога е неопходно заради зачувување на стабилноста на постројките“, стои во соопштението на АД ЕСМ.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК „Битола“, во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК „Битола“. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
free online course
download samsung firmware
Download WordPress Themes Free
udemy free download