fbpx

Блокирани сметки поради стар долг за радиодифузна такса

-

Само на еден стечаец од Штип од членовите на Здружението „Унит“ му биле отпишани долговите со владинот проект за отпис на долгови. Другите, чии семејства немаат никакви примања, се соочија со извршители, а пред еден месец и со исклучена струја и тоа за стар долг за неплатена радиодифузна такса.

Стечајката Даница Стојанова и нејзиното семејство веќе еден месец живеат во мрак, откако ЕВН им ја исклучи струјата поради стар долг за такса. Стојанова успеала да најде работа во конфекција, но кога отишла на операција, добила отказ.

– Јас испратив боледување до конфекцијата, тие мене ми испратија отказ. Сега барам друга работа, одам во Агенцијата за вработување, се пријавувам редовно, но работа нема. Ми велат дека не сум способна по три операции и ме напишаа неспособна – вели Стојанова.

До Здружението „Унит“ реагирале повеќе членови, кои морале да плаќаат заостанат долг за радиодифузна такса од времето кога ја собираше ЕВН со сметките за струја, потврди претседателот на штипскиот разгранок, Кемаладин Арсланов.

– Од каде пари? Ние не можеме да ги платиме новите сметки, а не, пак, старите долгови – вели Арсланов.

Друг стечаец сведочи дека имал стар долг од 1.700 денари, по што му ја блокирале сметката.

– Од што да ги дадам? Зимно време каде да работам? Ај, да е лето, може ќе се најде нешто, ама зиме, што? Кога одиме да бараме работа, ни одговараат дека сме стари и никој не сака да нè прими – вели стечаецот.

Минатата недела во Собранието на Република Македонија не помина предлог-законот на СДСМ, со кој се предвивуваше околу 4.000 стечајци да добиваат по сто евра месечно до пензионирање. Владата оваа измена ќе ја чинеше пет милиони евра годишно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...