Играта World of Warcraft е моментално подложна на коренити промени што ги прави фирмата Близард која што ја има направено видеоиграта. Во иднина „адоните“ – надворешни програми што ја олеснуваат играта, стануваат минато затоа што со доаѓањето на следната експанзија Midnight адоните ќе бидат целосно забранети. Јутуберот Бејулар ова го објаснува детално во свое најново видео за World of Warcraft.

Дури и сајтовите и ентузијастите што ги правеа овие програмчиња решија тотално да се откажат од правењето нови и апдејтирање на постари адони. Но одредени адони ќе добијат свои Близард верзии. И ќе има ново UI (User Interface) поставеност на скиловите и магиите и маркирани квестови и слично. За новото UI играчите што го имаат функционално искусено во алфа верзијата на новата експанзија во која учествуваат имаат само пофални зборови. 

Секако досега учествување во сериозни Рејдови (Raid) захтеваше цел сет адони кои служеа на Лидерот на Рејдот полесно да дава команди и на тајмер да наредува што се треба да прави рејд групата во даден момент.

Најнеопходен адон за самите играчи беше deadly boss mob што ви кажува да се поместувате и позиционирате лево или десно кога следи напад од главниот непријател против кои сите координирано се борат. 

Но не само за PvE туку и за компетитивно PvP натпреварување, 2v2 најчесто беа потребни одредени адони без кои не можеа да се остварат врвни резултати. Сепак адоните долго време се во „сива зона“ за играта но Близард реши да ги тргне затоа што е подобро играта да се игра како што е наменета без додатоци -што на многу „кежуал“ играчи им се допаѓа.

Причината што се тргаат адоните исто така е и што некои од нив се автоматизирани до ниво на бот програмчиња кои играат наместо играчот.

Меѓу првите нелегални бот програми беше ботот за копање руда, каде кога ќе се стартува, вашиот лик игра за вас и патува по рута која ја кружи и копа руда -без играчот да го контролира што се вели “не игра играчот – самото тоа му игра место него” која потоа играчите ја продаваа за златници во играта.

Ова се сметаше за експлотирање на самата игра -и сите што беа фатени дека користат ботови -беа банирани со привремени банови- а ако продолжеа и потоа -што често беше случај добиваа и перманентен бан од играта и затварање на нивниот WoW акаунт.

Токсичноста на играчите што мамат на WoW одеше до тој степен што повторно отвараа сосема нов акаунт и од почеток почнуваа пак со ботови. Дури и мултибоксинг опцијата -да играте повеќе ликови одеднаш – е сеуште во сива зона. Ова се го правеа нефер играчите за можна идна монетарна добивка преку продавање на набустан акаунт. 

Со сето ова земено во предвид -Коренитите промени на играта World of Wacraft и не изгледаат така лоши затоа што контрираат на оние што ја злоупотребуваат видеоиграта, а допринесуваат за обичните играчи кои сакаат да ја играат за забава.  

Неодамна излезе доста детално сработено добро видео низ раскажување и анимации -односно „Deep Dive“ со длабоко објаснување за што се’ следи во новата експанзија:

Со следното ажурирање преку експанзија Midnight -се нуди играчите да имаат свој дом но секој играч ќе може да има само еден дом за целиот акаунт -нема да има Player Housing за секој посебен лик. Ова особено не им се допадна на играчите што играат на Role Playing сервери -затоа што имаат многу различни ликови за кои сакаа посебна опција за дом за секој лик посебно. 

А што се однесува до моменталната состојба на играта- излезе долгоочекуваниот нов пач со нов огранок на приказна -што треба да служи како увертира во следните случувања. Пачирањето на играта беше лошо со многу ажурирање не само за време на мејтенс перидот туку и кога не треба- дека пачот дојде со премногу багови од кои највеќе ги нервираше играчите багот за Warband Campfire Background позадина на ликовите во главното мени на бирање лик- со вселена и празнина во позадина кое беше ветено со пачот -а не работи и по завршување на квестот со кој би требало да се добие бесплатната позадина за ликови. 

Моментално има и друг настан во играта -каде може од почеток до крај да се преигра експанзијата Legion со нови козметики во следните 100 дена, но мора да почнете сосема нов лик за таа инстанца од играта. Што е еден вид на реактуализирање на стари содржини- но сепак добро за играчите што ја имаат скокнато таа експанзија за да ја изиграат и искусат приказната од почеток до крај. Исто така има и екслузивни скинови за оружјата -и други специјални награди- концепски ова го вклопуваат во играта како “патување низ времето” односно Time walking event различен од вообичаените и од поголем размер. 

Дури излезе и ново анонимно МЕМЕ на интернет дека „Близард се мала инди фирма за игри“ поради тоа што баш се огромна фирма кој не поправа основни свои грешки во играта што очигледно може да ги среди побрзо. МЕМЕ -то асоцира и на појавата обработена во претходни написи кога токму мали студија за инди игри прават попродавани игри скорешно и од големите гејминг компании -меѓу кои е и Близард. 

Ако ви беа нејасни и неразбирливи гејмерските термини во овој напис, може да го консултирате следниов Водич за гејмерски термини во RPG игри каде е детално објаснет секој гејмерски термин и концепт и функционира како краток речник за таканаречениот “гејмерски кодиран јазик”. 

Како ќе влијаат следните нови промени на играта World of Warcraft останува времето да покаже.