fbpx

„Блиц“: Во Јужна Србија запленето оружје наменето за Македонија

-

Воено-безбедносната агенција на Србија (ВБА) запленила на југот на Србија големо количество оружје кое требало да биде префрлено во Македонија, пишува српскиот весник „Блиц“ во денешното издание, повикувајќи се на извори во ВБА. Весникот вели оти се претпоставува дека оружјето било наменето за припадници на најголемите албански партии, чии функционери учествувале во вооружените судири во Македонија и во Косово.

Според изворот на весникот во ВБА, минатата седмица биле запленети неколку илјади пушки, митралези, минофрлачи и рачни бомби, кои припадници на ВБА ги откриле во близината на Прешево и на Бујановац, додека двајца државјани на Србија и еден странски државјанин се обидувале преку илегални канали да ги префрлат во Македонија.

– Оружјето очигледно било наменето за употреба ако дојде до разгорување на судирите во Македонија или можеби токму за предизвикување инцидент, но пешадиското оружје можеби требало да послужи дури и за евентуално преземање на власта – вели изворот на „Блиц“.

Во претходните денови ВБА забележала и зголемено движење на Албанци од подрачјата на Прешево и на Бујановац кон Македонија, а според агенцијата, слично е и со Албанците од Косово, и тоа главно поранешни припадници на ОВК, пишува српскиот весник, напоменувајќи дека за сè биле известени надлежните македонски служби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...