fbpx

Блинкен: Руската блокада врз извозот на жито од Украина придонесе за немирите во Шри Ланка

-

Руската блокада на извозот на украинското жито можеби придонесе за немирите во Шри Ланка, рече денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на посетата на тајланскиот главен град Бангкок. Тој изрази загриженост дека руската блокада може да доведе до слични кризни ситуации и во други земји низ светот, пренесува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Блинкен го повтори повикот до Русија да го деблокира извозот на околу 20 милиони тони жито од Украина, коешто е заглавено во оваа земја по почетокот на руската агресија на 24 февруари годинава.

„Она што го гледаме низ светот е растечка несигурност за храна, која што е значително влошена од руската агресија врз Украина“, изјави Блинкен.

Американскиот државен секретар додаде дека кризата има влијание и врз Тајланд, каде што драстично е зголемена цената на вештачките ѓубрива. Ова би довело до ризик од зголемување на цените на храната или намалување на земјоделското производство наредната година.

Украина извезуваше милиони тони житарици низ земјите од Блискиот Исток, Африка и други делови низ светот пред руската инвазија. Овие земји се соочуваат со прекин на извозот, заедно со драстично зголемување на цената на житариците.

Претседателот и премиерот на Шри Ланка понудија оставки

Претседателот на Шри Ланка Готабака Раџашалса и премиерот Ранил Викремесиге понудија оставки од нивните функции по масовните протести во оваа јужноазиска земја. Протестите ќе продолжат и во наредните денови, до моментот на исполнување на ваквите ветувања, порачуваат демонстрантите, пренесува Би-би-си.

Раџашалса засега нема јавно обраќање во однос на ветената оставка, која ја најави парламентарниот спикер во саботата. Планирано е тој да си замине од претседателската функција на 13 јули. Најава за оставка пристигна и од премиерот на Шри Ланка, чијшто дом беше запален од страна на демонстрантите во текот на вчерашниот ден.

Политичките лидери во Шри Ланка треба да одржат меѓусебна средба во текот на денешниот ден за да овозможат мирна транзиција на власта. Оваа земја во моментов се соочува со недостиг на странска валута и гориво, растечка инфлација и не е во можност да ги враќа странските долгови коишто ѝ се пристигнати за наплата за во 2022 година.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека новото раководство на Шри Ланка под итно ќе мора да се зафати со решавање на долгорочната економска стабилност на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...