fbpx

Благодарници за брачниот пар Баарс од Холандија за нивните донации во медицинска опрема

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со брачниот пар од Холандија, Јоана и Кејс Баарс, кои преку нивната фондација „Воздух за Преспа“, од 1991 година редовно испорачуваат хуманитарна помош во лекови и медицинска опрема за специјализираната болница за превенција и лекување на хронични и респираторни болести во Отешево.

Во знак на почит за нивната посветеност и хуманост, Османи им врачи благодарница како признание за нивниот континуиран и хуман ангажман.

„Вашата приказна ме потсети на една од изреките на нашата Мајка Тереза, која велеше дека не сме сите створени да правиме големи работи, но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Вашето внимание кон хоспитализираните во болницата за респираторни болести во Отешево, има големо значење за нив, за што сме ви благодарни“, рече Османи.

На средбата Баарс раскажаа за нивното искуство, истакнувајќи го задоволство со кое донираат, за прекрасниот прием од жителите на Ресен и пријателската врска со нив, како и љубовта кон природните убавини и култура на Северна Македонија, а особено Преспа.

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
free download udemy course
download lenevo firmware
Download WordPress Themes Free
online free course