Black Myth: Wukong ја освои наградата за “Ултимативна игра на годината” на 42-то издание на Golden Joystick Awards. Се претпоставуваше дека оваа игра ќе биде следната Елден Ринг уште пред да излезе. Дивелоперот на играта, Фенг Џи (Feng Ji) од Game Science, своето обраќање кога ја прими наградата го заврши со фразата: „Играјте јако, одмарајте здраво“ (Play hard rest well).
Фенг Џи најави и нови изненадувања во текот на годината околу самата игра, а гејмерите шпекулираат дека можеби и ќе излезе експанзија за Black Myth: Wukong.
Што се однесува до собирањето на наградите, двете игри Final Fantasy VII Remake и Helldivers 2 (која веќе не е достапна на Steam за Македонија) земаа доста награди. FF VII собра награди за најдобар трејлер и за двајца гласовни актери, Коди Кристијан кој го позајмува гласот за протагонистот Клауд и Бриана Вајт за Аерит Геинсбороу.
На настанот беа номинирани голем број на инди игри (независни) кои беа инвентивни и со креативни механики и уникатни стилови. Меѓу нив беше наградена играта што има ликови од сите мултимедијални франшизи на игри во пикселизирани карти, а џокерите играат огромна улога.
Впечатлива игра номинирана меѓу најдобрите е играта со Индијана Џоунс – Indiana Jones and The Great Circle во која околините се репродукција на 1930-тите години направени со детални проучувања на фотографии од тој период.
Играта ќе излезе на 4ти декември годинава. Додека во истата категорија првата награда на Golden Joystick Awards ја зема долгоочекуваната игра GTA 6.
За најдобра Експанзија на годината наградата ја зема експанзијата на Елден Ринг: Shadow of the Erd Tree, за која редовно известуваме.
Шоуто беше одлично со мултикултурен карактер и интересни екстравагантни стилови на облекување на сите луѓе што се качија на сцена. Секако и изборот на номинирани игри содржи и многу други одлични наслови како на пример Senua’s Saga HellBlade 2 за која имаме посебен напис, Palworld која ја следиме од првата најава, Minecraft и многу други популарни наслови кои опстанаа како игри и секако доста многу надежни нови наслови.