Бизнисмен од шпанскиот град Сантјаго де Компостела е уапсен под сомнение дека стои зад кражба на два милиона маски и друга заштитна опрема, како ракавици, панталони и комплети за прва помош, од магацин на компанија која што прогласила банкрот.

Вкупната вредност на украдените работи се проценува на околу 5 милиони евра, а работите биле вадени од пакувањата, за да се сокрие нивното потекло. Се смета дека голем дел завршиле во соседна Португалија.

Шпанија во моментов е втората најпогодена земја во светот од Ковид-19, со 136.675 дијагностицирани и 13.341 починати. Бројката на излекувани пациенти изнесува 40.437.