Нов трговски и бизнис-центар на површина од 30.000  квадратни метри, кој ќе чини 30 милиони евра, се гради во Ѓорче Петров. Објектот е јавно-приватно партнерство меѓу Oпштината и компанијата „Трансмет“, а во негови рамки ќе биде сместена и општинската зграда.

– Бизнис-центарот е целосно опремен за потребите на ИТ-компаниите, а услугите што ќе ги нуди не се достапни во сличните центри. Станува збор за прво јавно-приватно партнерство со општина и треба да бидеме пример за другите инвеститори – изјави сопственикот на градежната компанија „Трансмет“, Сеад Кочан.

Влатко Богоевски од „Фортон Македонија“ изјави дека бизнис-центарот ќе биде на четири нивоа и ќе ги задоволува највисоките стандарди што ги бараат компаниите од информатичко-технолошкиот сектор.

– Нивото на опременост и стандардите кои ги исполнува бизнис-центарот, ги задоволуваат условите на ИТ-компаниите кои се движечки во економијата и бараат ваков простор во Скопје – вели Богоевски.

Модерниот трговски и бизнис-центар „Емпорио“ го добива својот првичен лик и ќе биде отворен во првата половина на 2017 година.

Ќе се отворат 40 продавници, ќе бидат застапени марки кои ги нема во тој дел од градот, ќе има 200 индиректни и 20 директни вработувања.

Во рамките на објектот ќе има фитнес-центар, конгресна сала и сала за свадби и за венчавки.