fbpx

Бизнис-идеите на малите претприемачи стануваат реалност со финансиска поддршка од ЕУ за прекугранична соработка

-

Во практика има се повеќе бизнис-релации помеѓу македонските и албанските прeтприемачи во скоро сите области. Очекувањата се подoбар економски бенефит од ваквите соработки.

Ова денеска беше истакнато на настанот „Градење заедничка иднина – Creating a common future“ што денеска се случува во Охрид, во организација на девет проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од страна на Европската Унија. Вкупна вредност на проектите финансирани од Европската Унија е околу 3 милиони евра.

Фрег Јанмат, претставник на ЕУ и програмата за прекугранична соработка „Градење на заедничка иднина“, напоменува кои се предностите за подобро искористување на природните, вештачките и културните ресурси во пограничниот регион.

– Ова е важно за граѓаните да го видат бенефитот од проектите. Од соработката помеѓу двете земји тоа е важно, луѓето да работат заедно преку граница, за да имаат повеќе економски развој и вештини. На пример, во туризмот да понудат пакет-договори околу езерото, бенфит да имаат од соработката во проекти од екологијата –  напоменува претставникот на ЕУ.

Лефтерија Гаџоска претставник од организацијата „Крушевска жена“ и нејзини колешки од Пешкопеа, Албанија подолго време се занимаваат со преработка на локални шумски производи подготвени на традиционален начин, а сега имаат можност да развиваат бизнис со помош на фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. На пазарот пласираат крушевски локум, разни видови џемови, ликери, кори, мед, од природните ресурси кои ги имаат. Таа очекува допрва да се види бенефитот од ваква соработка со жените од Пешкопеа.

– Овој проект ни помогна да го подобриме начинот на нашето промовирање, пред се маркетиншки и здружување со производители од нашиот калибар од Пешкопеа кои не сличен начин ги нудат своите производи – вели Гаџоска.

Примери за бизнис-соработка има и во други микропретпријатија од различни области. Едно е од нив е организирање обуки за правни совети. Тоа ќе им го олесни развивањето на бизнис проектите на претприемачите од двете земји.

– Ние им даваме можност на жените да развиваат бизнис-идеи, да бидат преточени во фирма. Ги учиме преку правни освети на работилници како од А до Ш според нашето и албанското право да отворат бизнис.Како да го водат бизнисот, да не бидат казнувани и полесно да работат со познавање на правото – појаснува Мартин Сопронов.

Фаула Хоџај од Елбасан, зборува за очекувањата во дејностите кои припаѓаат на земјоделието и занаетчиството.

– Регионот ќе има бенфит иако ние сме фокусирани на женеите, но и жените и мажите може да имаат корист од овој проект. Во соседството има разни изработки кои може да се подобрат со меѓусебна комуникација – вели Хоџај.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...