fbpx

Битолскиот театар го чека новиот директор

-

Битолскиот народен театар (БНТ) деновиве ќе го избере новиот директор, откако во петокот заврши конкурсот за прв човек на оваа културна институција во Битола.

Вршителот на должност директор на театарот, костимографот Благој Мицевски, вели дека в понеделник ќе се знае колку кандитати се пријавиле на конкурсот за директор и кој сè ги исполнува условите да биде прв човек на оваа институција.

Новиот директор на театарот, меѓу другото, ќе мора успешно да го помине и психолошкиот тест, како еден од условите пропишани на јавниот конкурс распишан од Министерството за култура.

– Ќе мора да почекаме до понеделник за да видиме колку кандидати се јавиле на конкурсот, бидејќи тој заврши во петокот и претпоставуваме дека допрва ќе доаѓаат пријави и по пошта. Но, интересот е голем и сите кандидати имаат еднакви шанси, без оглед дали се вработени во театарот или, пак, доаѓаат однадвор – вели Мицевски.

Тој од април годинава е в.д. директор на театарот, но сега потврдува дека не се пријавил на конкурсот и нема амбиции да биде директор на БНТ.

Во тетарските кругови, пак, веќе се вртат неколку имиња за директор на театарот, меѓу кои е бившиот директор, сценографот Валентин Светозарев, кој имаше мандат од 2010 до 2014 година.

Како еден од претендентите за директор се споменува и името на битолчанецот, режисерот Сашо Миленковски, кој по повеќе од една деценија, лани имаше шанса да режира во БНТ.

Се споменуваат и имињата на поранешниот директор на Центарот за култура, оперскиот пејач Цветан Стојановски, како и името на поранешниот директор на Музејот во Битола, Зоран Николовски.

Сепак, актери во театарот неофицијално велат дека како ретко кога досега, и нивни колеги актери, фрлиле око да директоруваат со матичната куќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...