Битолскиот градоначалник Талески купи нов службен автомобил

-

Битолскиот градоначалник Владимир Талески се поднови со нов автомобил од буџетот на Општина Битола. Само неколку месеци пред крајот на неговиот трет мандат, Талески службениот „цитроен ц4“ го замени со „пежо 508“, но нема прецизни податоци колку пари потрошил за новото возило.

Советникот од ЛДП, Валентин Груевски, во петокот од советничката говорница обвини дека буџетот за 2016 година бил „список на желби составен од градоначалникот Владимир Талески“.

– Што кажуваат бројките за оваа година? Битола ќе има еден од двата најлоши буџети во последните седум години. Битола ќе има убедливо најлоша реализација на капиталните расходи од 40 отсто. Битола има остварено само 11 отсто од даночните приходи. Единствено во ова образложение има 100 отсто остварување – во купувањето возила. И Владимир Талески сега се вози со нов автомобил – рече Груевски на расправата за извршување на буџетот на Општина Битола за третиот квартал од тековната година.

Од службите на градоначалникот кои се задолжени за кроење на буџетот велат дека трите автомобили што ги купил Талески не се новост бидејќи се набавени пред неколку месеци, само што сега опозицијата ја актуализирала темата.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Хаџиев, пак, вели дека не знае колку чини новото „пежо“ на Талески, но дека Советот го изгласал купувањето на автомобилот.

– Ако во буџетот имало ставка за нов автомобил, ние сме ја ставиле на гласање и сме ја изгласале, а колку чини автомобилот, тоа знаат службите во Општината – вели Хаџиев.

Советниците од власта во петокот не коментираа за новиот автомобил на Талески.

Но, советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Карапашовска, пред една година на седница на Совет, кога се расправаше за носење на буџетот за 2016 година, потврди дека 3,5 милиони денари ќе се потрошат за купување на три автомобили, од кои еден ќе го вози градоначалникот Талески.

Продолжението на седницата е закажано за денеска, а утре Советот се очекува да расправа за енормното загадување на градот, по што, по барање на опозицијата, најавено е донесување на краткорочни мерки за справување со аерозагадувањето во Битола.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...