Јавното обвинителство соопшти дека поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп. Станува збор за хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола.
Сомнението, според обвинителството, произлегува од фактот дека хирургот извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа.
Синот следниот ден во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и властени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.
Јавен обвинител од битолското јавно обвинителство доставил предлог за определување мерка притвор за хирургот, поради, како што велат, околностите кои укажуваат на опасност од бегство.