fbpx

Битолчани ќе ја чекаат Нова година покрај море

-

Патувањата за дочекот на Нова година и натаму се најпримамливи за битолчани, а оваа година посебен интерес покажале за дестинациите покрај море. Истовремено и угостителите во Битола тријат раце како ретко кога во последните години, задоволни од интересот за дочек на Нова година во рестораните и во кафулињата.

Според аранжманите на туристичките агенции од градот, граѓаните од под Пелистер најмногу бараат море за Нова година, да избегаат барем неколку дена од загадениот воздух во градот. Покрај Инстанбул, оваа година ќе уживаат во зимата на Јадранско Море, во Будва. За 3.400 денари, туристичките агенции нудат четиридневен аранжман со три вечерни концерти на плоштадот во Будва, каде ќе ги забавуваат Горан Бреговиќ, а следните два дена и Тони Цетински и „Парни ваљак“.

Туристичките работници од Битола велат дека не престанува интересот на битолчани и за дочек на Нова година во Истанбул. За разлика од другите европски дестинации, од кои по неколку години се заситуваат, градот на Босфорот и понатаму е возбулив за граѓаните.

Оние граѓани што за најлудата ноќ ќе останат во Битола имаат интересни понуди во рестораните и во кафулињата, со пониски цени од минатите години и тоа за мени-билети од 1.000 до 3.000 денари.

Голем дел од граѓаните за Нова година ќе бидат на плоштадот Магнолија, иако 12 дена пред дочекот, битолчани сè уште се во неизвесност која „ѕвезда“ ќе ги забавува оваа година.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...