Битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честички

-

Двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во Битола покажа дека битолчани дишат воздух презаситен со ПМ10 и со ПМ2,5-честичките. Мерењето што на своја иницијатива го направи здружението „За нас се работи“ околу Нова година, денеска беше презентирано пред јавноста.

Резултатите од мерењето беа испратени во независната лабораторија „Мол“ во Србија.

– Алармантен е фактот што во измeрената концентрација на ПМ10-честичките, концентрацијата на ПМ2,5-честичките, оние поопасните за човековото здравје, е од 67 до 97 отсто во целиот период на мерењето – вели Иван Јерчиќ, од здружението „За нас се работи“.

Испитувањето на хемискиот состав на честичките, пак, покажува дека концентрацијата на тешките метали, арсен, кадмиум, никел и олово е во границите на нормалата.

– Сепак, од лабораторијата напоменуваат дека за да се добијат референтни податоци е потребен период од 14 отсто од календарските денови од една тековна година. Односно, најмалку 50 дена, соодветно распределени по сезони и по денови во седмицата. Така, Инситутот напоменува дека врз основа на овие мерења, може да се добие само првична слика за состојбата со амбиенталниот воздух, која ќе биде референтна, ама сепак не целосна – рече Јерчиќ.

Од здружението „За нас се работи“ велат дека пропаднал тендерот што требаше Општина Битола да го реализира до крајот на февруари за мерење на квалитетот на воздухот и побараа Општината сериозно да пристапи кон договорот меѓу здружението и градоначалникот Владимир Талески.

Јерчиќ додава дека ниту од лабораторијата што го вршеше мерењето на квалитетот на воздухот во градот, „Фармахем“, ниту кој било стручњак за оваа тематика не се нафатил јавно да ги прочита резултатите од мерењето што независно го спроведе здружението.

А.Б.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...