fbpx

Битола ќе гради споменици за револуционерот Турунџев и алпинистот Мурато

-

Битола годинава ќе гради споменици за војводата Александар Турунџев и за алпинистот кој никогаш не се врати од Монт Еверест, Димитар Илиевски-Мурато.

Локалната власт најавува дека наскоро ќе ја почне постапката за изградба на овие две спомен-обележја, потврдува претседателката на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска.

Според неа, Советот има изгласано петгодишна програма за изградба на спомен-обележја, но за почеток ќе бидат подигнати спомениците на Турунџев и на Мурато.

– Наскоро ќе поведеме постапка за изградба на спомен-обележја на одредени личности поврзани со Битола. На Совет ќе ја почнеме постапката за формирање одбор од стручни лица, значи нема да бидат советници, туку лица кои стручно ќе бидат ангажирани на овој прокет – вели Ангелевска.

Колку ќе чинат овие споменци засега не се знае, тоа ќе го каже одборот откако ќе го заокружи целиот проект.

Името на војводата Турунџев е длабоко врежано во меморијата на битолчани, особено зашто по Илинденското востание, турскиот суд го осудил на смрт, а тој бил јавно обесен на битолскиот Ат-пазар на 29 август 1905 година. Неговиот гроб се наоѓа на Светонеделските гробишта во Битола.

Битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато е познат како првиот Македонец кој го освоил Монт Еврест на 10 мај 1989 година, но не успеал да се врати во базниот логор. На Пелистер веќе е подигнат споменик во негова чест.

Во 2012 година, минатиот состав на битолскиот Совет усвои амбициозна програма налик на „Скопје 2014“, односно „Битола 2016“.

Таа предвидуваше за период од четири години во градот да се подигнат нови 28 споменични обележја. Од нив 14 да бидат бисти, седум споменици и исто толку спомен- плочи.

За чудо, и опозицијата тогаш ја поддржа програмата, тврдејќи дека нема спорни личности, но го остави отворено прашањето од каде пари за сите овие споменици.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...