fbpx

Бислимовски: Од 1 јануари 99,2 отсто од домаќинствата ќе плаќаат помалку за струја отколку досега

-

Цената на струјата за домаќинствата од Нова година се покачува во 3-от и 4-от блок, а во 1-от и 2-от се снижува, информираше на денешната прес-конференција за новите цени на струјата, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Тој рече дека ќе се намали и цената на струјата за над 70.000 мали фирми кои се на регулираниот пазар, и тоа за 20,15 отсто.

„Цената на струјата за малите потрошувачи, и за 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали. Домаќинствата кои рационално ја користат електричната енергија ќе имаат намалување за 4,11 отсто во првиот блок, додека во вториот намалувањето ќе изнесува 2,95 отсто, во третиот блок ќе има корекција (зголемување) од 0,85 отсто и во четвртиот, за оние кои трошат најмногу ќе има корекција од 7,65 отсто“, рече Бислимоски, објаснувајќи дека во пресметките се вклучени и цената на струјата и мрежарината, односно надоместокот за дистрибуција.

Мрежарината за домаќинствата од Нова година ќе се намали за 20,6 отсто, дополни Бислимоски, потсетувајќи дека најмногу реакции за сметките за струја досега беа дека се плаќа повеќе за мрежарина отколку за реално потрошената струја.

Тој нагласи и дека ДДВ-то за струјата ќе се зголеми, од сегашните 5 отсто на 10 отсто.

Во 1-от блок влегува потрошувачката на домаќинствата до 210 киловат часови, во вториот блок од 210 до 630 киловат часови, а третиот е од 630 киловат часови нагоре.

Одговарајќи на новинарско прашање подоцна, Бислимоски објасни дека цената на евтината струја од 3,99 денари за киловат час, се качува на 4 денари.

Цената за 1-от блок, во кој сега граѓаните плаќаат вкупно 7,72 денари за киловат час (квч), се намалува на 7,41 денари, односно е за 4,11 отсто е пониска.

За вториот блок цената за квч сега е 8,08 денари, а од 1 јануари 2023 ќе изнесува 7,84 денари. За третиот блок цената е 8,66 денари, а по Нова година ќе изнесува 8,74 денари. Цената за четвртиот блок од сегашните 17,48 денари, ќе се искачи на 18,81 денари за киловат час.

Најголемиот дел од домаќинствата, односно 99,2 отсто од нив, како што објасни Бислимоски, од 1 јануари ќе плаќаат помалку отколку досега.

Цените за малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, односно се снабдуваат исто како домаќинствата, од 1 јануари ќе плаќаат значително помалку. Во скапата тарифа досега плаќаа 17,19 денари за квч вкупно, а од први јануари ќе плаќаат 13,73 денари за квч. Евтината струја за малите потрошувачи сега е 13,51 денари, а од 1 јануари нејзината цена ќе изнесува 10,78 денари за киловат час.

Ова го изјави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Меѓутоа тој потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од 5 отсто на 10 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...