fbpx

Бислимовски: Гасното поврзување со Грција ќе значи пониска цена на гасот и до 20 отсто

-

„Ни претстои сериозна гасификација на земјава, по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 отсто со идниот крак од Грција, преку Северна Македонија, па се до Косово, со што стануваме транзитна земја“, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги, Марко Бислимоски, на учеството на он лајн дебатат за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ). Бислимоски пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

Тој објасни дека во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб, каде што има пристап на гас од Турција, но и од Грција, цената на гасот се намали за 40 отсто. Податоците и анализите укажале дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори, може да очекува пониска цена на гасот.

„Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цената ќе оди надолу. Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово“, изјави Бислимоски.

Прогнозите  на потрошувачката и на цените на енергенсите во претстојниот зимски период, и постапките за поднесување на приговори, доколку настане штета поради прекин на  испорака на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија, беа дел од прашањата за кои стопанствениците изразија интерес, соопштија од РКЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...