БИРН објави база за имотот на МПЦ-ОА и на ИВЗ

Сопственик на хотелите „Изгрев“ и „Бисер“ на Охридско Езеро е МПЦ-ОА, а ИВЗ има апартман во хотелот „Парк Лејксајд“ во Охрид

-

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) ја објави новата база на податоци „Верски имоти под лупа“, која за првпат обезбедува увид во имотот на двете најголеми верски заедници во земјата – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Исламската верска заедница (ИВЗ), онака како што овој имот е впишан во македонскиот катастар.

Како што е објавено, во базата се внесени 14.757 парчиња имот со кои располага МПЦ-ОА, поединечните цркви или нејзините епархии, како и дополнителни 5.363 кои во катастарот се внесени како имоти во кои фигурира ИВЗ, нејзините муфтиства или локалните џамии.

„Клучни наоди од базата Македонската православна црква располага со 101 квадратен километар имот, а ИВЗ со 13 квадратни километри. МПЦ-ОА поседува околу една третина од планината Галичица и големи делови од македонската страна на Јабланица, а најголемото земјиште на ИВЗ е на јужната падина на Водно. Над 80% од имотите на МПЦ-ОА се шуми, ливади и пасишта, односно околу 8.100 хектари, а ИВЗ располага со 3.200 хектари шуми. МПЦ-ОА има и 1.300 хектари земјоделско земјиште, додека ИВЗ 1.700 хектари“, пишува БИРН.

Станбениот простор во сопственост на МПЦ-ОА изнесува околу 140.000 м², а кај ИВЗ над 37.000 м², вклучувајќи и станбени простори во нови објекти во Скопје, Битола, Тетово и други градови. Црквата има деловни простори во чаршиите во Скопје, Битола, Охрид и Прилеп, а ИВЗ стопанисува со пазарот во Дебар, трговски комплекс во Гостивар и објекти во Струга, Тетово и Битола.

„Сопственик на хотелите „Изгрев“ и „Бисер“ на Охридско Езеро е МПЦ-ОА, а ИВЗ има апартман во хотелот „Парк Лејксајд“ во Охрид. Базата „Верски имоти под лупа“ е достапна јавно и има за цел да поттикне транспарентност и информираност кај јавноста за обемот и структурата на имотот на верските институции во земјава“, пишува во објавата.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...