fbpx

БИРН Косово: Пратеничката Балје со нова политичка партија

-

Сервисот за проверка на факти во Косово, БИРН Косово освен ветувањата ги следи и изјавите на политичарите и јавните функционери и нивната доследност и вистинитост.

Имено, за време на предизборната кампања за парламентарните избори на 6 октомври 2019 година, претставничката на бошњачката заедница во Собранието на Косово, Дуда Балје одговори на 44 прашања на БИРН Косово (интервјуто беше објавено на 18 септември 2019 година). На прашањето дали е веројатно таа да ја смени својата партија – Бошњачката демократска партија, Дуда Балје одговори: „Не верувам, никогаш.“

Дуда Балје на последните избори доби 2.751 гласови и беше избрана за пратеничка. По изборите работите се сменија. Првично, на 9 ноември 2019 година Балје поднесе оставка од сите позиции во Бошњачката демократска партијa, а на 14 јануари оваа година (2020) таа основаше своја партија, Социјалдемократски сојуз, која исто така е регистрирана во Централната изборна комисија (ЦИК). Со овие аргументи, БИРН Косово заклучи дека изјавата на Балје е недоследна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...