fbpx

БИРН Косово: Невистина е дека Иса Мустафа беше транспарентен за трошењата на неговата Влада

-

Косовската секција на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) ја анализираше изјавата на поранешниот косовски премиер Иса Мустафа, дадена во интервју за ТВ емисијата „Jeta në Kosovë“ („Животот на Косово“), во која тој изјавува дека бил транспарентен кога станува збор за трошењата на неговата влада. Имено, во интервјуто објавено на 21 ноември 2019 година, Мустафа тврди дека неговите сметки биле на располагање и како немал ништо против тие сметки да бидат транспарентни за медиумите.

И покрај барањето на порталот на БИРН – Косово (Kallxo.com), Иса Мустафа, тогаш на премиерска позиција, не дозволи пристап до овие сметки, ниту, пак, до оние на претходната Влада, предводена од Хашим Тачи, иако беше донесена пресуда од Апелациониот суд за пристап на медиумите во трошењата на Владата.

Дури оваа година БИРН обезбеди пристап до сметките на Владата на заминување на Рамуш Харадинај и претходната Влада предводена од Иса Мустафа. Ваквото образложение придонесе изјавата на Мустафа да биде оценета како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...