БИРН Косово анализираше вест објавена на косовскиот „Индекс Онлајн“ за наводна сомнителна смрт на Силвана Арсовиќ, екс-секретарка на убиениот српски политичар од Косово, Оливер Ивановиќ и обвинета заедно со пет други лица за неговото убиство.

Во врска со случајот, kallxo.com го контактирал и специјалниот обвинител Сил Хоџа, кој поднесе обвинение против Арсовиќ и пет други лица за убиството на Оливер Ивановиќ. Tој веста ја нарече лажна. Имено, Хоџа добил информација и од главниот обвинител на Митровица дека обвинетата е хоспитализиранa поради здравствени компликации, но е жива, не мртва.

Претходно kallxo.com објави дека Силвана Арсовиќ лeжела во болница поради висок крвен притисок и тегоби во градниот кош. Со ова образложение објавената вест на „Индекс онлајн“ е оценета како лага, односно невистина.