fbpx

БИРН: Апелацискиот суд донел одлука за новинарот Томислав Кежаровски

-

Апелацискиот суд донел одлука по жалбата на новинарот Томислав Кежаровски кој со првостепена пресуда е осуден на затвроска казна во случајот „Ликвидација“, објави „БИРН“, повикувајќи се на изјава на судијата во Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

„Точно, одлука е донесена. Таа е во фаза на подготвување и ќе биде доставена до Основниот суд Скопје 1. Не можеме да соопштиме каква е одлуката додека не биде верифицирана, а тоа ќе се случи во законски предвидениот рок од 60 дена“, изјавил судијата Кадриу за „БИРН“.

Како што пренесуваат оттаму, тој додал дека со оглед на големиот интерес на јавноста за овој предмет, одлуката најверојанто ќе се знае за една недела.

Филип Медарски, адвокат на новинарот Томислав Кежаровски, за новинската агенција „Мета“ вели дека не добил информација дека Апелацискиот суд веќе ја донел одлуката.

– Не сум добил официјално известување дека е донесена одлука. За такво нешто слушнав од медиумите, но јас немам информации – изјави Медарски.

Апелацискиот суд може да ја укине казната на која беше осуден Кежаровски и да го врати предметот на повторно судење, може да ја потврди првостепената пресуда или да донесе нова пресуда.

Новинарот Томислав Кежаровски лани, кон крајот на октомври, беше осуден на казна затвор од 4,5 години во случајот „Ликвидација“, односно дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражнито затвор „Скопје“, а од ноември, минатата година е во домашен притвор.

Притворањето, судскиот процес и првостепената пресуда против Кежаровски предизвикаа реакции од новинарските здруженија и од меѓународните организации, а беше нотиран и како негативен пример за состојбата со слободата на медиумите во повеќе извештаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...