fbpx

Билатерални средби на Чавков на министерскиот состанок во Луксембург

-

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во рамките на неформалниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ), кој се одржува во Луксембург, на билатералните средби со свои колеги, предложил конкретни решенија за зголемување на соработката меѓу државите во врска со приливот на илегални мигранти кои транзитираат по балканската рута на пат кон земјите-членки на ЕУ, соопшти МВР.

„Во насока на креирање сеопфатен регионален одговор на феноменот на илегалната миграција, од министерот Чавков беше предложено искористување на постојните меѓународни инструменти за соработка, а особено на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа, која претставува правна основа за зајакната размена на информации, спроведување заеднички патроли на граничните линии, заедничко користење техничка опрема и средства, заеднички истражни тимови“, стои во соопштенито на Министерството.

Чавков, како што информираат од МВР, остварил средби со министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Србија и на Германија, на кои било разговарано за овие прашања.

„Предложените решенија во наредниот период ќе се операционализираат од соодветните служби на засегнатите држави. Министрите за внатрешни работи се согласија со потребата од зајакната соработка на службите, но и од конкретни итни мерки на заедничко дејствување против илегалната миграција“, додаваат од МВР.

Во рамките на неформалниот состанок во Луксембруг, министерот Чавков учествувал и на работните сесии „посветени на борбата против тероризмот, со посебен осврт на комјутерските напади“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...