Безмилосна статистика: Се „топи“ бројот на ученици – во однос на 2015 сме изгубиле скоро 28.000

„Порталб“ направи споредбена анализа на податоците во изминатите 10 години со цел да се добие слика за трендот на бројот на ученици во редовното и во средното образование. Во оваа учебна година во споредба со 2014/2015 бројот на основци е намален за 6 отсто, а на средношколци за дури 19,6 отсто

-

И новите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за статистика покажуваат тренд на намалување на ученици, и во основното и во средното образование. Оваа учебна 2024/2025 во редовните основни и средни училишта наставата ја започнале 247.770 ученици. Во споредба со ланската година, намалување има и на бројот на основци и на бројот на средношколци, пишува Порталб.мк.

 

За една деценија драматично намалување на бројот на ученици

Оваа учебна година во основните училишта се регистрирани 180.627 ученици и во споредба во учебната 2023/2024 бројот е намален за скоро 1.500 или за 0,8 отсто.

Според новите податоци од Државниот завод за статистика, годинава средното образование го започнале 67.143 ученици, што е помалку за 135 ученици во однос на претходната учебна година или намалување за 0,2 отсто. Во оваа година во редовните основни и средни училишта во однос на претходната учебна година имало 1.635 ученици помалку.

„Порталб“ направи споредбена анализа на податоците во изминатите 10 години со цел да се добие слика за трендот на бројот на ученици во редовното и во средното образование. Во оваа учебна година во споредба со 2014/2015 бројот на основци е намален за 6 отсто, а на средношколци за дури 19,6 отсто.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Конкретно, во 2014/15 имало 192.165 ученици во основното и 83.522 во средното образование и годинава во однос на споредбената, пред десет години, поголем е падот кај бројот на ученици во средното образование.

Сумираните податоци покажуваат дека во 2024/25 во однос на 2014/15 вкупниот број на ученици е намален за скоро 28.000 што значи дека просечно, годишно државата „губи“ по 2.800 ученици.

Поради прецизност за утврдување на трендовите, „Порталб“ направи и увид на состојбата по години, во период од една деценија. Официјалните податоци покажуваат дека во изминатите 11 учебни години (заедно со оваа учебна година) само во три имало раст на бројот на основци, во учебните години 2014/15 за 0,6 отсто, најголемиот пораст од 3,6 отсто е во 2016/17 и за 0,2 отсто во 2020/21, во сите останати учебни години е регистриран годишен пад на бројот на регистрирани ученици во редовните основни училишта.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Состојбата во средните училишта, судејќи според бројките, е уште поалармантна. Во анализираниот 11 годишен период, пораст на бројот на средношколци има само во две учебни години, во 2018/19 за 0,3 отсто и во 2020/21 за 2,6 отсто. Во останатите девет училишни години бројот на средношколци е во пад – во март 2017/18 за дури 6,5 отсто и во 2016/17 за 4,9 отсто.

Демографски политики – каде се?

Министерството за социјална политика доби проширени ингеренции и за демографија, а во Владата е назначен и Национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. Едно од најважните предизборни ветувања на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше токму демографијата – зголемување на наталитетот и запирање на одливот на работна сила и на наталитетно население кое неповратно ја напушта државата. Токму ваквиот егзодус е клучниот фактор зошто се намалува бројот на ученици, од првачиња до матуранти.

Демографијата е нотирана и како приоритетна цел во Националната развојна стратегија 2024-2028 година. Еве дел од целите кои се ставени на „хартија“ :

  • намалување на трошоците поврзани со воспитување на деца
  • активација на жените на пазарот на работна сила
  • промовирање на реинтеграција на повратниците – иселениците
  • развој на руралната инфраструктура
  • изградба на домови со пристапни цени
  • правичен систем на социјална заштита
  • инвестиции во здравството, образованието

Планот за справување со намалената наталитетна стапка од една страна, и обидот за задржување на наталитетните семејства дома, води преку речиси сите ресори, здравство, образование , социјала, економија. Во меѓувреме статиските покажуваат, засега, незапирлив тренд на егзодус кој се рефлектира во сите пори на општеството, во образованието со помалку ученици, на пазарот на труд со дефицит на работна сила, во здравството со недостаток на стручен кадар.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...