fbpx

Безе: Формирањето на нова влада се движи кон неуспех

-

Формирањето на нова влада по предвремените парламентарни избори се движи кон неуспех по стравот и сомнежите што постои меѓу албанскиот фактор, вели Меро Базе, еден од најпознатите новинари во Албанија во колумна преку која ги коментира и анализира последните политички случувања во Македонија.

„ДУИ на Али Ахмети кој е всушност клучниот фактор во формирањето на новата влада, се двоуми дали да му се приклучи на Заев, барајќи му притоа „писмени гаранции“. Се чини дека Али бара и гаранција дека коалицијата треба да се запечати со неговата партија како победник кај Албанците, а другите партии едноставно да пополнат редови“, вели Базе.

Според него, Ахмети има и друга дилема, а тоа е партијата Беса за која вели дека е партија со верска основа и која зајакнува врз основа на верската муслиманска реторика и која ја поставува религијата над државата. Базе вели дека Беса е закана не само за ДУИ, но исто така и за „дефакторизирање“ на Албанците во Македонија бидејќи тие прават Албанците да веруваат повеќе во џамии отколку на партии.

„Од друга страна околу 70 илјади Албанци гласаа за партијата на Зоран Заев и ако има нови избори партијата на Груевски ќе атакува баш на овие гласови. Груевски е формален победник на изборите, но не може да формира влада сам и инсистира на нови избори. Сега секоја од партиите измислува причина за да не формира влада, и секој од нив обезбедува идеи за победа на следни избори“ додава Базе.

Според Базе, факт е дека Албанците станаа значајни со губење на неколку пратенички места, а Македонците станаа послаба страна со добивање на повеќе пратенички места.

„Во случај албанските партии да не успеат да направат влада со опозицијата, тие ќе се согласат со опозицијата да се оди на нови избори со идејата за промена, а не со идеја на сомнеж. Ако не, победникот ќе биде Груевски и македонските Албанци ќе си го заслужат“, напиша Базе во неговата колумна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...