Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ - „безобѕирно управување со моторно возило”

Фото: Stephan Wusowski from Pixabay

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час.

МВР денеска соопшти дека покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило”.