ЕВН Дистрибуција извести дека утре од 5 до 10 часот (наутро и претпладне) без струја ќе бидат Гевгелиско и Дојранско, поради модернизирање на tрафостаницата од 110/35/10 киловолти во Валандово, што треба да го изврши АД МЕПСО.

„Без напојување со електрична енергија на 29.02.2020 (сабота), во периодот од 5 до 10 часот ќе бидaт корисниците од Гевгелија (освен централното подрачје), Негорци, Мрзенци (освен влезот на селото), Прдејци, Моин, Ново Коњско, Нов Дојран (освен влезот кај Истатов), Ѓопчели, Фурка, Црничани“, соопшти ЕВН Дистрибуција.

Универзалниот снабдител со струја исто така предупредува дека на почетокот и на крајот на работите, односно околу 5 часот и во 10 часот или потоа, сите корисници што се снабдуваат преку КЕЦ Гевгелија ќе бидат исклучени на кратко.