fbpx

Без реформи во медиумите, нема услови за фер избори, оцениле Заев и Селмани

-

Без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слободни, фер, демократски и регуларни избори. Ова е заедничката оценка од денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани.

Средбата била реализирана на иницијатива на ЗНМ, стои во соопштението на СДСМ.

На средбата, Заев го информирал претседателот на ЗНМ, Селмани, дека една од клучните теми за разговор „во рамки на политичкиот дијалог под покровителство на меѓународната заедница, се реформите во медиумите, кои се услов за слободни, фер и регуларни избори“.

„Претседателот Заев укажа дека во оваа фаза на разговори ВМРО-ДПМНЕ сè уште се противи на можните решенија што значат овозможување на медиумите слободно да ја извршуваат својата вистинска и значајна улога во општеството.
Од суштинско значење е да се овозможи Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја извршува улогата на регулатор во медиумската сфера, а МРТВ да биде вистински јавен сервис во интерес на објективно, непристрасно и избалансирано информирање на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ за средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...