Без прецизна анализа иницијативата за нов владин авион е полусериозна

Повеќе прашања треба да бидат образложени во една сериозна, ајде да ја наречеме кост/бенефит анализа, за да се поткрепи во јавноста иницијативата што ја образлага првиот човек на СОЗР Ивица Томовски за набавка на нов или половен владин авион со капацитет од 14-15 седишта. Без тоа иницијативата делува полусериозно и е однапред осудена да не биде постигнат консензус, барем во јавноста, а самата набавка да биде под закана да биде нетранспарентна

-

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски во телевизиско интервју даде изјава во врска со прашањето на владин авион, која може да се констатира како недоследна, пишува Вистиномер:

Ако претендираме и сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен воздухоплов. Воздухопловот што моментално го имаме, има само шест седишта, непрактичен е за поголеми делегации кога се оди надвор од државата. Честите дефекти и честите расипувања и беспотребно фрлените пари и поради тоа сметам дека треба да се размислува сериозно за набавка на нов авион, можеби и половен авион, но не постар од две-три години и по тоа прашање треба да се има еден заеднички консензус опозиција-власт…

[Извор:360 Степени/МРТ – Томовски(од 11-15 мин.); – датум: 21.01.2021]

 

Образложение:

Изјавата на директорот Томовски е недоследна затоа што не е наведен целиот контекст, а пред сè кост-бенефит анализа за која најодговорен е сепак тој, т.е. службата со која раководи СОЗР.

Првиот аспект е дека нема образложение зошто е потребен авион наместо со 6 или 8 седишта (сегашниот Лирџет кој често е во дефект има 6), државата да поседува авион со капацитет од 14-15 седишта, освен дека со него би патувале поголеми делегации, вклучувајќи ги и медиумите, како што вели. Вториот аспект за недоследноста се базира во однос на прашањето дали набавка на нов или на половен и тука разликата во пари е огромна (30 до 40 милиони нов или околу 15 милиони за половен не постар од две-три години, како што вели Томовски).

Кабински простор на авионот Falkon 7X Фото: JetRequest.com, CC BY-SA 3.0 Wikimedia Commons

Образложението за тоа дека е потребен нов авион да бидеме сериозна држава нема да го разгледуваме, иако и тука има про и контра (постојат компании што изнајмуваат такви авиони), но условно може да се земе како точно, затоа што тоа е практика на речиси сите држави во светот со големина и бруто домашен производ како земјава, како и фактот дека од независноста па до денес Македонија секогаш располагала најмалку со еден државен авион, иако до 2004 кога се урна „кингерот“ во кој загина тогашниот претседател Борис Трајковски и други членови на делегацијата, располагаше со два авиона.

Значи, за да биде докрај доследна изјавата на Томовски најпрво е потребна, може да се нарече и кост-бенефит анализа од СОЗР, од која засега има само еден дел. За поправки биле дадени над 3 милиони евра во последните три години за авион чија пазарна цена во моментов е околу 2 милиони евра и дека има чести дефекти. Овие податоци делумно ги дознавме и од разговорот што еден медиум го емитуваше со главниот пилот во владината авио служба Емил Георгиев.

Она што недостасува се најпрво податоците кои СОЗР би требало да ги има:

  • Колку често и кои лица по функции од избраните или именуваните функционери патуваат во странство?
  • Кои се најчестите дистанци на нивните патувања? Дали се тоа кратки, средни или долги релации?
  • Колку пари се трошат на комерцијалните авио-билети за овие патувања?
  • Дали и колку пари ќе се заштедат во буџетот со новиот авион, без оглед дали е тој нов или половен?
  • Дали од аспект на рационалност и сигурност можеби треба да се набават два помали наместо еден авион со поголем капацитет?
  • Колкав кадар има владината авио-служба, на кој тип летала може најбрзо да се обучи и од каде во иднина оваа авио служба би ги користела пилотите кога постојните би ја напуштиле службата било поради пензија било поради комерцијални или други лични причини?

Одговорите на овие, а можеби и други прашања, се во најмала рака минимумот елементи врз кои би се направила таа кост – бенефит анализа или каква и да е друга, по што Владата, т.е. во име на Владата СОЗР би излегол со прочистен предлог за тоа каков и колку авиони во владина сопственост се потребни за да бидеме сериозна држава, како што вели Томовски.

Зашто – само за едно од прашањата, на пример – не треба да се заборави дека Дирекцијата за заштита и спасување поседува три авиони за гаснење пожар од типот Ер трактор“, а дека лани, бидејќи остана само еден пилот во таа служба, Владата беше приморана за замолница и со максимално зголемување на платите, т.е. во тој случај хонорарите, да враќа двајца пилоти од пензија за да можат воздухопловите да бидат искористени.

Иако во поглед на образложението Томовски наведува дека има намера да отвори поширока дискусија во јавноста и да спроведе разговори и со опозицијата, а јавната набавка да биде целосно транспарентна, што е доследно – погоре наведените аргументи се доволна основа за да може иницијативата и аргументацијата да се оценат како недоследни.

 

Извори:

 

Оцени: Теофил Блажевски

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...