Бетмен и неговото минато во „Готам Најтс“ – најнова DC игра

Batcave скриншот од анимација од играта Gotham Knights
Batcave скриншот од анимација од играта Gotham Knights

Иако играта излезе неодамна, како и што беше најавено, изгледа дека ги надминува и очекувањата и во приказната и во акцијата, а и во гејмплејот. Овојпат одвоивме вистински деликатес од видео за вас од интрото на самата игра – се работи за анимација што нема да ви предизвика спојлери. Станува збор за борбата помеѓу Бетмен и Разал Гул и смртта на Бетмен за која се знае дека е почеток на воведот во приказната од играта. Така стапуваат споредните јунаци како главни на сцена.

Она што малкумина го знаат или забораваат е дека Бетмен е трениран како вистински нинџа од Лигата на Сенките и Разал Гул за борешки вештини и борба од сенка. Дури и му препишуваат и  мистични моќи за контролиње на лилјаци што Бетмен ги прави со технологија и ултразвуци. Вид на боречки вештини токму како јапонското нинџитсу, но Бетмен го има усовршено и со употреба на гаџети и технологија. Во сите игри за Бетмен па дури во тие од Тејлтел се истакнува употребата на технолошки направи: од хакирање на камери, до експлозивни направи, димни бомби, до шурикени во вид на љиљаци со GPS тракери во нив. Овие направи најчесто Бетмен ги сместува на својот фамозен и доста спомнуван “utility belt” односно појас со торбици и гаџети.

Тренингот кај Разал Гул е прикажан само во првиот понов филм за Бетмен со Кристијан Бејл (по филмовите на Мајкл Китон) но е пренебрегнат како важен дел од приказната особено откако главниот фокус на Бетмен филмовите го однесе перформансот на Хит Леџер со улогата на Џокер.

Но, кога Бетмен ќе остане без оружја главна алатка му се знаењата и физичката спремност од константното вежбање самоодбрана и боречки вештини и ги употребува само против лошите и да ги заштити невините и послабите.

Повелете уживајте во борбата на Бетмен против Разал Гул, неговиот учител којшто се врти против добриот ученик, затоа што се корумпирал поради ветувања на бесмртност и направил „пактови со мистични сили на мракот за моќ“.

Има и добар цитат од ликот на Бетмен:

Јас не сум како тебе, не се плашам да умрам, пред сè би си ја задржал човечноста.