На Steam е достапна демо верзија за играта Stellar Blade од девелоперите “SHIFT UP Corporation.” Се работи за тешка игра со голем фактор на „крвавост“ или познато по ознаката „Blood and Gore“.
Покрвава е од Doom серијалот, Dead Space серијалот, Resident Evil, Path of Exile серијалот, Devil May Cry. Сите овие игри можат да се најдат на платфорамата Steam познати по примената на овој фактор.
Затоа оваа игра на Steam доаѓа со цел текст предупредувања за ранливи категории на луѓе со ментални пореметувања и суицидни тенденции да не ја играат и никако не се препорачува за лица под 18 години.
Оваа игра веќе година дена беше достапна како ексклузива на PS5, но сепак за неколку дена пристигнува и на Стим. Девелоперите направија нешто со што го прејдоа целиот пазар и индустрија на видеоигри. Направена е целосна оптимизација на играта за да може да биде играна и на постар хардвер.
Играте со женски лик во постапокалиптичен свет каде се употребени многу класични тропи од научната фантастика и измиксирани многу елементи на „Сајберпанк“. За Сајберпанкот имаме и претходен напис за писателот Вилијам Гибсон што се смета за „татко на сајберпанкот“ што може да го прочитате овде. Како и за познатата игра Cyberpunk 2077 што го доловува концептот.
Самиот факт што е направена за играње на постари компјутери значи дека поголем број гејмери ширум светот ќе ја играат без да надградуваат најнов хардвер, што во гејминг индустријата оди рака под рака со производството и продажбата на нови компјутери. Исто така што се однесува до хардверот во Гејминг Индустријата е детектирано е голем број гејмери дека новите компјутери имаат делови со послаб квалитет да се расипуваат побрзо. Додека постарите компјутери имаат поквалитетни делови што подолго траат. Ова е фактор да тече пазарот, да се трошат вишоците и да има повеќе продажби. Играта е направена со користење на Unreal Engine 4, а не со попопуларната везија Unreal Engine 5 за која имаме и претходни написи овде.
Борбите во играта се брутално експлицитни и движената се полни со константа акција за која треба таканаречен „хиперфокус“ на гејмерите дека има елемени и на познатиот комбат од Souls игрите. Исто така има и многу светлосни ефекти и играта не се препорачува и за луѓе склони кон епилиптични напади и сите други психолошки ранливи категории на луѓе. Има препорака и предупредување играта да не се игра на работно место. Затоа што и појава е и луѓе често ширум светот на паузите на работните места или кога нема премногу работа да си уклучат игра и да играат скришно додека се во фирма кај што работат, што не е во ред, но девелоперите се свесни за овој фактор и затоа е додадено и ова во низата предупредувања.
На следниот скриншот ви ги претставуваме сите предупредувања за играта како што гласат на Steam на англиски јазик:
Цената на самата игра е 69,99 евра и целосната верзија е најавена да излезе на 11ти јуни 2025 за PC и Windows и за PlayStation 5 исто така има и опција за предпродажба (pre-purchase) за верзија на играта со цел сет на козметика за главниот женски лик.