Јавните претпријатија ПОЦ на Општина Центар и Градски паркинг информираат дека за време на празничните денови паркирањето ќе биде бесплатно за граѓаните. Денеска и за време на божиќните празници на 6 и 7 Јануари, понеделник и вторник, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата.
Денеска, граѓаните ќе можат бесплатно да се паркираат и во зоните А, Б,Ц и Д во надлежност на ЈП „Градски паркинг“. Редовна наплата ќе се врши во зона А0 на Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26-ти Јули“ и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и на Клинички центар.