Kindle Direct Publishing (KDP) програмата е проект на Amazon.com преку која секој може бесплатно да постави и да издаде книга на англиски јазик што ќе се продава на нивниот сајт.
Покрај електронската продажна верзија наменета за Киндл читачи на книги има и опција преку принт по нарачка да продавате и физички копии. Тоа што е важно да се знае е дека и да продадете книги, сè уште не е изводливо да се заработи од продажба. Ниту една наша банка не соработува со Амазон.
Друга опција е да ви пратат материјален чек – што не може да се уновчи во нашите банки. Сепак иако на сите литерати не им е појдовната точка профит, туку изразување преку Книга и реализација на задоволството да се има книга или книги што фигурираат како продажни на Амазон.
Самата дефиниција за професионален писател според капиталистичкиот конструкт е дека тоа е личност што има издадено книги и ги продава успешно како единствен извор на приход. Во овој дискурс практично луѓето од помалите и економски понеразвиени земји не можат да продаваат ама може да купуваат од Амазон. Токму како во македонската традиционална поговорка “Сиромавиот плаќа двапати”.
И воедно парите што ги имате заработено од продажби на книги, не може да ви се трансферираат за купување на сајтот на Амазон. Така што тие заработки си стојат додека не се створат нормални услови. Но баш затоа што не не сметаат за голем пазар -не ни губат време на тоа. Како што постапуваат и со други јазици и култури. Сепак максимата „Богатите се богатат, а сиромашните стануваат уште посиромашни” – „држи вода“ во случајов.
Има долгогодишна иницијатива од ентузијасти да се воведе и издаваштво на Македонски јазик преку KDP програмата, но сè уште не е имплементиран нашиот мајчин јазик иако има одобрено само неколку други главни светски јазици кои се имплементирани. За да се дојде до издавањето книга преку KDP прво треба да креирате корисничка сметка на сајтот: https://kdp.amazon.com/en_US/
Со напомена дека мора сите полиња да бидат пополнети додека се креира KDP акаунтот. Потоа ви стигаат испринтани документи преку Пошта (snailmail) кои треба да ги потпишете и да ги пратите пак назад на Амазон. За средувањето на пресметување даноци од продажбите се користи вашиот матичен број -кој во случајов ќе служи и како даночен број и ќе мора да средите со даноците едно по едно за секој светски пазар и зона посебно. Добро е во овој дел од процесот да имате правник и сметководител што ќе ве советуваат како да се изведе процесот кој ионака е симплифициран. А и самото поставување книги преку годините е подобрено -но ако ги следите најновите упатства што може да се видат на поскорешни YouTube видеа тоа е најлесниот дел -иако захтева доста време додека не се совладаат сите финеси.
Сега за сега има сепак голем број книжевници од релативно помладите генерации кои имаат поставено свои дела на Амазон и кои се обидуваа на различни начини да го направат процесот функционален и материјално- но неможат да ги повлечат парите што ги заработиле, сепак заработките можат да се таложат додека не се среди овој проблем.
Обиди тоа да се направи со странска банка се неизводливи -дека при самата регистрација фигурирате како личност од Македонија и тоа е нешто што банките треба да го средат кај нас -дека од Амазон бараат банката да биде во земјата на потекло, до тогаш -писателите и поетите ќе ја имаат само сатифакцијата да имаат издадено книга на англиски што е вид на таканаречно глобално остварување.
