На Steam и на Playstation 5 моментално има Демо верзија за играта „Onimusha: The Way of The Sword.“

Иако играта не е сè уште излезена, на настанот „Playstation State of Play“ беше најавен датум за нејзино објавување, 25 септември годинава.

Претходните делови од Onimusha серијалот имаа огромен успех. Главниот лик е самурај и ловец на чудовишта, кој се бори со секакви „демонски грдосии“ во сите различни делови од игрите на оваа тема.

Воедно комбатот е импресивен дури во постарите верзии иако мечувањето првично беше моделиран по комбатот во „Tenchu“ серијалот, играта со нинџи што е повеќе базирана на прикрадување.

 

Девелоперите на играта се „Capcom,“ познати по многу квалитетни наслови од времето на флиперските игри до ден денес и одговорна за создавањето и континуитетот на игри како „Street Fighter“ серијалот.

Дополнително познати по креирање на сите „Resident Evil“ игри, „Devil May Cry“ игрите како и неоднамна доста популаризираниот серијал на видеоигри наречен „MonsterHunter.“

Во играта „Onimusha: The Way Of The Sword“ атмосферата е комбинација од сопствената маркантна првична естетика на врнежливи ноќи во Јапонија, како во првопојавената игра од серијалот.

Но исто така има ставено „темно-жолт филтер“ и околини што многу потсетуваат на играта „Sekiro“, и целосно за споредните зони може да се забележи дека се многу слични како во „Nioh“ серијалот.

Во трејлерот има прикажано и главен непријател кој многу потсетува на карактерот познат како „Радан“ од „Елден Ринг“ со црвена грива од шлемот и абнормално масивна градба на тело. Исто така има и загатки и трчање по страничен ѕид за превагнување провалии као во серијалот игри „Prince of Persia.“ 

 

Но секако има и новитети при самото борење со меч. Содржи анимации како финишери, но овде кул потезите и крвавата бруталност се појачани на ниво кога немора да направите финишер за во сред борба да се одигра кул кратка анимација со колење непријатели кои дури може и да ги пресечете на појас на половина.

Исто така може да ја употребувате и кршливата околина или да лансирате големи предмети кон непријателите.

Акцијата се очекува да биде во стилот на „Souls“ игрите, но со многу поагресивен, полесен и забавен комбат. Мора да се напомене дека се работи за акциона игра со елементи на авантура. Како одржување на морален компас на главниот херој во играта има девојка што ви помага целовремено.

Играте во улогата на најпознатиот средновековен јапонски писател и легендарен мечувалец Мијамото Мусаши во негово фантазиско издание, што на моменти знае да биде и хумористично чисто да се разбие пресериозноста на атмосферата на самата игра. Целта кон која се стреми ликот е да стане најмоќен „Onimusha“ – ловец на демони.

Титулата „Oni“ на јапонски e всушност израз што означува „демон“, а „Musha“ може да значи потврда или изненадување. Ова е добро склопено пордаи тоа што или ќе се потврдите како ловец стриктно на демони кој собира демонски души за моќ за специјални способности за да победува уште помоќни демони, или борец што ќе изненади непријатно и ќе стане зол и ќе почне да собира човечки души да се одржи и да стекне моќ и да стане непобедлив.

Референца за фактот дека Мијамото Мусаши никогаш не бил победен во дуел со катани, дури на крајот од мечувалската кариера тепал вооружени противници со употреба на дрвен меч додека тие го напаѓале со сечива. Секако ви ја препорачуваме и неговата книга за стратегија и животна филозофија која се вика „Книга на Петте Прстени“.

Демото за играта може да го симнете веднаш на Steam и да ја испробате за да проверите дали би сакале да ја купите или само едноставно да ја искусите атмосферата и гејмплејот.