Бесплатен влез во музеи и галерии за Денот на независноста

Евгенија, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Покрај многубројните пригодни манифестации кои ќе се одржат по повод 8 Септември, Денот на независноста, утре од 11 часот, за граѓаните ќе бидат отворени за посета со бесплатен влез повеќе културни установи, музеи и галерии, соопштија од Владата.

Во Скопје, ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современа уметност, Даут пашиниот амам и Чифте амамот.

Во Битола, граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ги посетат Музејот на албанската азбука и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево.

Сите граѓани ширум државата ќе имаат можност до 20 часот да ги посетат и археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, Крушево, Гевгелија и Тетово.