Фото: Архива на Мета.мк

„Прашката школа за медиуми“ организира бесплатен онлајн курс за краудфандинг и новинарски прекугранични соработки, кој ќе се одржи од 28 јули до 20 август, за медиумски работници од Централна и Јужна Европа.

Курсот ќе се одржува на англиски јазик и ќе се состои од седум интерактивни вебинари, како и сесија за конкурирање за делумно финансирање на новинарски истражувања. Најдобрите ќе бидат објавени на платформата за краудфандинг „Press Start“, а ќе добија и делумно покривање на трошоците.

Главните теми на курсот ќе бидат Краудфандинг за прекугранични истражувачки стории; Соработка во инстражувачкото новинарство; „Прекугранична“ новинарска работа: фокус, координација, промоција и продукција.

Пријавувањето се врши тука.

Рокот за пријавување е 20 часот на 20 јули, а може да се пријавуваат новинари, продуценти, фоторепортери и други медиумски професионалци од Унгарија, Романија, бугарија, Полска, Чехија, Совенија и Грција.