fbpx

Бесплатен интернет на две нови локации во центарот на Охрид

Општина Охрид пушти во употреба Hot Spot бесплатен интернет на две нови локации пред црквата „Свети Софија“ и на кејот „Македонија“ во центарот на Охрид. Во моментов во градот има пет локации на кои граѓаните можат да користат бесплатен интернет

-

Општина Охрид пушти во употреба Hot Spot бесплатен интернет на две нови локации пред црквата „Свети Софија“ и на кејот „Македонија“ во центарот на Охрид. Во моментов во градот има пет локации на кои граѓаните можат да користат бесплатен интернет овозможен од општината. Минатата година Hot Spot бесплатен интернет беше поставен на плоштадот „Св. Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ и на локалитетот „Плаошник“.

– На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот – велат од Општина Охрид.

Поставувањето на опремата за Hot Spot бесплатен интернет е проект што е составен дел од овогодинешната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...