fbpx

Бесими: Нè очекува најголемата реформа на пазарот на капитал, Законот за хартии од вредност ќе се замени со два нови закона

-

Министерството за финансии наредната година планира да ja реализира најголемата реформа во областа на пазарот на капитал. Постојниот Закон за хартии од вредност ќе биде заменет со два нови закона: Закон за финансиски инструменти и Закон за проспекти за хартии од вредност и обврски на издавачите за транспарентност, соопштија од Министерството за финансии.

„Со оваа реформа ќе се создадат услови за развој на нови производи и услуги на финансискиот пазар во РСМ, ќе се обезбеди повисоко ниво на стабилност на пазарот, ќе се зајакнат овластувањата на надзорните органи, и ќе се подобри заштитата на инвеститорите и на сите учесници на пазарот“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот настан: „Берзите во 2020 година – осврт на локалниот и глобалните пазари“, во организација на Македонска берза. 

Со техничка помош од Светска банка, започнува и подготовката на Закон за менаџери на алтернативни инвестициски фондови, со кој ќе зајакнат правилата и процедурите за работа на приватните инвестициски фондови, ќе се уреди постапката за лиценцирање на менаџерите и ќе се даде надлежност на КХВ за супервизија на истите. 

„На берзата годинава се забележува зголемен обем на тргување со хартии од вредност како резултат на неизвесноста предизвикана од корона-кризата. Тоа доведе до редистрибуција на сопственоста на капиталот од инвеститори кои не се склони на ризик, на инвеститори подготвени да преземат поголем ризик, со цел остварување повисоки приноси во иднина“, рече Бесими. 

Во периодот јануари – ноември 2020 година, обемот на тргување на Берзата е зголемен за 11 отсто, што во најголем дел се должи на класичното тргување со акциите што е зголемено за 58,4 отсто во однос на истиот период од 2019 година. Просечниот број на трансакции е зголемен за 25,3 отсто, а вредноста на просечниот дневен промет за 50,9 отсто. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...