Фото: Министерство за финансии

Антикризните мерки го амортизираа падот на економската активност, кој дојде како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на конференцијата „Социо-економско влијание на Ковид-19 во Северна Македонија – научени лекции и препораки за успешна и одржлива обнова“ во организација на УНДП и „Фајненс Тинк“.

„Доколку не се делуваше брзо преку јавната потрошувачка, економскиот пад за првите три квартала ќе беше за 1,2 процентни поени поголем, односно наместо 5,9 проценти за првите три квартала, ќе беше околу 7,1 проценти. Фокусот во економијата во наредниот период ќе биде пред се задрзавување, но и поставување на основи за забрзан и одржлив раст,“ рече Бесими.

Министерот истакна дека целта, на долг рок, е преку забрзан но и одржлив раст, земјата да има економски резултати кои ќе одговаарат на ЕУ просекот, односно тоа би значело развој и економски стандард кој би соодвествувал на оној на развиените економии.

Бесими посочи дека тоа може да се постигне преку спроведување на три платформи истовремено, односно Стратегија за заздравување и екононски раст, политики за фискална консолидација и План за јавни инвестиции.

„Со спроведување на овие политики, постепено ќе се намалува буџетскиот дефицит со ниво под Мастришкиот критериум, посочи министерот за финансии на конференцијата. Согласно ова проектираниот дефицит за 2021 година е на ниво од 4,9 отсто што е за 3,6 процентни поени пониско во однос на буџетскиот дефицит проектиран за оваа година, во 2022 е проектиран на -3,8 проценти, во 2023 -3,2 проценти, во 2024 -2,9 проценти и во 2025 година -2 проценти. Со фискалната консолидација одиме постепено, со цел да не го угушиме растот во посткризниот период,“ додаде тој.