Беса нема да поднесе тужби, се сомнева во независноста на Управниот суд

-

Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес.

– Органите на партијата оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука – изјави за „Мета“ портпаролот на Беса, Орган Муртезани.

Државната изборна комисија го прифати приговорот на Беса и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар, каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

Од СДСМ засега нема официјална бројка на поднесени тужби до Управниот суд. Портпаролот на партијата, Петре Шилегов, соопшти дека во текот на денот ќе излезат со соопштение или ќе свикаат прес-конференција.

Во меѓувреме, тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја,...