Бербок: Украина и Европа мора да бидат вклучени во мировните преговори за Украина

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат разговори за завршување на војната, но не наведе точно како ќе го постигне тоа

-

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во четвртокот изјави дека Украина и Европа треба да бидат вклучени во мировните преговори за Украина, откако американскиот претседател и рускиот претседател разговараа за конфликтот, пишува Ројтерс.

„Не можеме да водиме разговори без вклучување на Украина. Мирот во Европа е во прашање, затоа ние Европејците треба да бидеме вклучени, рече Бербок во интервју за радио Дојчландфунк.

Трамп вчера телефонски разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната.

Германската министерка за надворешни работи рече дека не била однапред информирана за повиците.
“Ова е начинот на кој функционира администрацијата на Трамп. Затоа е потребна постојана меѓусебна комуникација со различни играчи”, рече Бербок

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат разговори за завршување на војната, но не наведе точно како ќе го постигне тоа.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...