Фото: Мета.мк

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат во просек за 2,29 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, Еуродизел БС-98 ќе се продава за 86, а Еуродизел (Д-Е V) за 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари за литар.

Се  зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 52,825 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,579 отсто и намалените кај дизелот во просек за 1,059 отсто, како и за 0,082 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.