(Фото: finance.bigmir)

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 проценти.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа, новата цена на „еуросупер БС-95“  ќе изнесува 60,50 денари за литар, а за „еуросупер БС-98“ 62,50 денари за литар.

Малопродажните цени на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар за литар, и со тоа малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесуваат 53 денари за литар.