fbpx

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

-

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 71,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 73,5 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот не се менува и останува 63 денари за литар.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.

Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 1,472 отсто и кај дизелот за околу 0,301 отсто, како и за 0,157 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...